Телефоните на шпанскиот премиер и на министерката за одбрана нападнати со шпионскиот софтвер Пегасус

0
254

Шпанската Влада објави дека телефоните на премиерот Педро Санчез и на министерката за одбрана Маргарите Роблес биле нападнати со шпионскиот софтвер Пегасус, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ова се исклучително сериозни настани кои потврдуваат дека имало напади надвор од владините агенции и надвор од законот“, рече министерот Феликс Боланос на прес-конференција.

Боланос рече дека нападите биле потврдени од Националниот центар за криптологија, кој продолжува со истражување на телефоните на други шпански политичари.

Телефонот на Санчез беше два пати нападнат од Пегасус во мај 2021 година и телефонот на Роблес еднаш во јуни 2021, соопшти Владата.

Пегасус, развиен од израелската компанија НСО груп, им овозможува на хакерите да пристапат до податоците и сензорите, вклучително и до шифрираните пораки, податоци, текстови, мејлови, фотографии, камера и микрофон.

Боланос рече дека незаконската употреба на Пегасус е пронајдена во најмалку 20 други земји. Помеѓу жртвите се политичари, новинари и други граѓани.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).