Историчарите бараат прекин на преговорите со Бугарија

0
306

Гоце Делчев е вткаен во македонската душевност и меморија, и сите сме должни да го чуваме неговиот лик и дело. Ова е главната порака што беше испратена на денешниот научен симпозиум организиран од Институтот за национална историја по повод 150 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.

Историчарите да бидат изолирани од присоците на политиката, побараа претставниците од инситутот за национална историја на средбата што ја имаа со собранискиот спикер Талат Џафери пред свеченото отворање на симпозиумот. Според професорката Катерина Тодороска политичарите треба да бидат внимателни во преговорите со Бугарија особено за македонските национални интереси.

Делото на Гоце Делчев треба сите да не обединува, а злоделата и неправдите врз Македонците, но и во светот не смеат да се заборават, ниту простат, ниту од историчарите, ниту од политичарите, порача претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев на свеченото отворање во Музејот на македонската борба. Според него Македонија денеска наоѓа во противречна и конфузна положба за европската перспектива.

 

канал5