Околу 150.000 луѓе во Украина дневно комуницираат преку „Старлинк“

0
456

Околу 150.000 луѓе во Украина дневно ги користат сателитските услуги на интернет-мрежата „Старлинк“ на компанијата „Спејс икс“, изјави висок украински претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ова е клучна поддршка за инфраструктурата на Украина и враќање на уништените територии“, напиша на Твитер Михаило Федоров, вицепремиер и министер за дигитална трансформација на Украина.

Во својата објава Федоров истакна: „Украина ќе остане поврзана без разлика на се“.

Основачот на „Спејс икс“, Илон Маск, ги започна вселенските интернет услуги „Старлинк“ во Украина кон крајот на февруари, откако Русија ја започна војната.

Најмалку 2.899 цивили се убиени, а 3.235 се повредени во Украина од почетокот на војната со Русија на 24 февруари, проценуваат Обединетите нации (ОН). Се стравува дека вистинската бројка на загинати е многу поголема.

Повеќе од 5,4 милиони луѓе побегнаа во други земји, а околу 7,7 милиони се внатрешно раселени, објави Агенцијата за бегалци на ОН.

извор: Агенција Анадолија (АА).