(ВИДЕО) Ја запросил девојката на натпревар на Партизан, таа го одбила, сето тоа се видело на големиот екран во салата

0
324

Запросувањето е посебен момент во секоја успешна врска, а момците често избираат јавни места за нивните дами да се чувствуваат посебно во оваа посебна пригода. Една од ваквите интересни ситуации се случи на кошаркарскиот натпревар меѓу Зенит и Партизан во ВТБ Купот!

ВИДЕО

За време на една пауза, гледачот решил да ја запроси својата девојка. Камерите го фатија тој момент, а се беше прикажано на големиот екран во салата.

Сепак, реакцијата на девојката не беше очекувана. Таа само одмавна со главата, по што момчето само се оддалечи. Свесна дека многу луѓе гледаат во неа, девојката потоа ги покрила очите со рака и ја наведнала главата.

Кога е во прашање натпреварот, Партизан загуби од Зенит со резултат 81:65. Избраниците на Жељко Обрадовиќ потоа беа поразени од Уникс со 77:83.

kurir.rs