Фирмата на синот на Муса Џефери повеќе не смее да тргува со струја- МЕПСО ја активираше банкарската гаранција

„У Повер“ фирмата во која еден од сопствениците е синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери повеќе не смее да тргува со струја – избришана е од регистарот на учесници на пазарот со електрична енергија. Ова следува откако МЕПСО ја активираше банкараската гаранција и депозитот на компанијата од која до сега не може да наплати долг од вкупно 7,6 милиони евра. Тоа се фактури за балансната струја на МЕПСО која ја користеше „У Повер“ за да не набавува електрична енергија за своите клиенти од берзите каде цената на струјата беше и по неколку пати повисока. Компанијата заврши и на извршител, но бидејќи гаранцијата е помала од долгот, МЕПСО покренало и судска постапка. Гаранцијата на „У Повер“ била депозит од 587.000 евра и банкарска гаранција од 41.397 евра, објави Телма.

Работењето на „У Повер“ беше ставено под лупа на јавноста и истражните органи откако Аријанит Џафери го нападна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски откако пак Регулаторна покрена постапка за одземање на лиценцата на компанијата.

АД МЕПСО во март го раскина Договорот за балансна одговорност,донесе одлука за активирање на банкарската гаранција во висина од 2.545.955 денари и да се задржи депозитот во висина од 36.101.013 денари доставен од страна на У ПОВЕР како финансиско обезбедување по основ на договорот за балансна одговорност.Бидејќи висината на финансиското обезбедување не беше доволна за подмирување на долгот, АД МЕПСО покрена соодветна судска постапка. Заклучно со денеска вкупниот долг на У Повер изнесува 467. 536. 223 денари.- одговорија од МЕПСО.

Текстот во целост на: Телма.