СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишниот Џ.А. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје“, извести МВР.
– На 04.03.2023 на наплатна станица Желино, на автопатот Тетово-Скопје, по претходна расправија, пријавениот од пиштол пукал кон А.К.(34) и А.К.(32), двајцата од Скопје и им нанел повреди, соошти МВР.