Собранието вечерва ги избра четирите нови министри во Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.
Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ. Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ.
По дебатата која главно се сведе на партиски препукувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и две попладневни паузи, за Лога гласаа 65 пратеници, за Меџити 64, за Алиу 65 и за Шукова 65. За ниту еден од министрите немаше глас против, ниту воздржан.
Министрите по гласањето дадоа свечена изјава.
фото: Архива