Родители од Скопје забележале повреди околу ушите кај нивната малолетна ќерка. Осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето и повикана на разговор од страна на полицијата.
– Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од 36 годишна жена – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка, соопшти МВР.
Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата
skopskoeho.mk