Тимот на „Спејс икс“, „Кру-3“, се врати на Земјата

Тимот на американската компанија „Спејс икс“, „Кру-3“, се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица каде што престојуваше шест месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на интернет-страницата „Space.com“, четворицата астронаути, од кои тројца од НАСА и еден од Европската вселенска агенција, слетале на Мексиканскиот Залив, односно на отворени води кај американската сојузна држава Флорида.

Тимот на астронаути кој на 11 ноември 2021 година отиде во вселената, се врати со капсулата „Ендуранс“.

Исто така, тимот „Кру-3“ на Меѓународната вселенска станица реализира стотици експерименти, како и работи за развивање на соларни панели.

Меѓу другото, тимот во овие рамки тестира и еден електронски микроскоп.

Враќањето на тимот беше закажано за 4 мај, но тоа беше одложено поради неповолните временски услови.

извор: Агенција Анадолија (АА).