Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без изгласани гаранции од бугарскиот Парламент дека нема да има дополнителни барања од Бугарија

Денеска пред одржување на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, ВМРО-ДПМНЕ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, изјава за медиуми даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при што беше запрашан како ја коментира вчерашната изјава на претседателот Пендаровски во врска со прашањето за Бугарија.

https://www.youtube.com/watch?v=ydlpLW68yUE

 

„Зборувате претпоставувам за оној истиот Стево Пендаровски кој што потпишуваше по нарачка на Заев што ќе му текне, и оној истиот Стево Пендаровски кој што велеше дека Гоце Делчев е Бугарин. Претпоставувам за тој човек ме прашувате? Јас нема да ги цитирам неговите изјави, јас само ќе кажам дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. ВМРО-ДПМНЕ не може и нема да поддржи бидејќи за промена на Уставот се потребни 2/3, било каква интервенција во Преамбулата без да добиеме од страна на бугарскиот Парламент јасни гаранции изгласани дека од тој момент до денот кога ние ќе бидеме земја членка на ЕУ сите отворени прашања се затворени и нема да има дополнителни барања од страна на Бугарија“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека по јасни гаранции од страна на Бугарија дека сите отворени прашања ќе бидат затворени, дури тогаш може да се седне и да се разговара за тоа да се менува Преамбулата и дел од бугарскиот народ кој што живее во Македонија да биде вклучен во истата.