Бесрамните најави на Мицкоски за засилени блокади е најнеодговорно однесување во време на најголемата економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните, меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, се вели во соопштението од СДСМ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Блокадите, деструкциите на штета на граѓаните е однесување коешто континуирано ја отсликува политиката на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, парламентарното мнозинство, досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега.
СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски заради лични и партиски интереси да ја држат државата во заложништво.
Имаме план како да се справиме со блокадите и потребните законски измени да бидат донесени во интерес на граѓаните и државата.