Цените на нафтата се зголемија денеска поради постојаната загриженост за намалување на снабдувањето пред одлуката на ЕУ за тоа дали ќе ја забрани руската нафта до крајот на годината и поради неподготвеноста на производителите на OПЕК + да додадат акции на пазарот, објави Агенција Анадолија (АА).
Суровата нафта од типот „Брент“ чинеше 112,13 долари по барел во 06:46 GMT по порастот за 1,10 проценти по затворањето на претходната сесија кога цената изнесуваше 110,90 долари по барел.
Американскиот Вест Тексас интермедиејт (WTI) тргуваше по цена од 109,45 долари по барел по порастот за 1,09 проценти со затвпрањето на последната сесија на 108,26 долари по барел.
Долгоочекуваниот предлог на ЕУ за намалување на увозот на руската нафта беше споменат од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата на пленарната седница во Европскиот парламент во Франција.
Одлуката се очекува да биде донесена најдоцна до 9 мај. Усвојувањето на забраната за руска сурова нафта ќе стапи на сила шест месеци подоцна и ќе го забрани увозот на руски рафинирани нафтени деривати до крајот на годината.
Во меѓувреме, и покрај континуираните повици за зголемено производство, најголемите светски производители на нафта вчера се согласија да се придржуваат до тековниот план за зголемување на производството за 432.000 барели на ден до јуни.
На 28. министерски состанок преку видеоконференција, од 23-члената група на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, позната како ОПЕК +, рекоа дека „континуираните основи на пазарот на нафта и консензусот за изгледите укажуваат на урамнотежен пазар“.
Понатаму, беа истакнати континуираните ефекти за геополитичките фактори и прашања поврзани со пандемијата.
Затоа, во однос на снабдувањето, инвеститорите го следат американското снабдување со нафта за да ги ублажат ефектите од високите цени не енергијата.
Бајден во март објави дека САД и нивните сојузници ќе одвојат 240 милиони барели нафта од нивните стратешки нафтени резерви, а 180 милиони барели ќе доаѓаат од САД во наредните шест месеци за да се затвори јазот помеѓу високата побарувачка и ниската понуда за да се намалат цените на суровата нафта.
извор: Агенција Анадолија (АА).