Словачка: Првата дама на САД ги посети децата бегалци од Украина

Првата дама на САД, Џил Бајден, денес посети училиште во словачкиот град Кошице, каде што наставата ја следат околу 60 деца бегалци од Украина, известува Агенција Анадолија (АА).

Г-ѓа Бајден во таа пригода разговараше со децата и нивните родители.

Посетата е организирана на Меѓународниот ден на мајката, празник што се одбележува во втората недела од мај.

Од 24 февруари, кога Русија го започна нападот на Украина, земјата ја напуштија околу 6 милиони лица. Околу половина милион бегалци пристигнаа во Словачка.

Повеќе од 3,1 милион Украинци избегаа во Полска, над 854.000 во Романија, половина милион во Унгарија, а дел избегаа во Молдавија.

Над 714.000 лица избегаа во Русија или низ неа.

Во Украина интерно се раселени повеќе од 7 милиони луѓе.

извор: Агенција Анадолија (АА).