More

    Полицаец и наркобос од Грчец, уапсени за оружениот грабеж на банката во Капиштец

    Еден полицаец од Сарај и еден неодамна фатен наркобос од Грчец со иницијали С.Б., кој требало да биде во куќен притвор, се приведени во полициска станица во Скопје во врска со вооружениот грабеж во „Уни банка“ во Капиштец, дознава СДК.мк“. Двајцата осомничени се приведени од интервентната полиција на МВР.

    Додека тие се во полициска станица, се проверуваат безбедносните камери во банката, за да се проверат сомневањата дека двете приведени лица имаат врска со грабежот.

    Сомневањата произлегле од тоа што при контрола на нивното возило, во задниот дел биле најдени панцири, ракавици, дуксери со длабоки качулки и други предмети кои асоцирале на опрема за грабеж и насилство.

    Како што пишува СДК.мк“. С.Б. долго време бил недостапен на органите на прогонот, а кога бил фатен, тој од судија на претходна постапка од Основниот Кривичен суд, добил само куќен притвор. На барани криминалци со потерница, особено за дела од организиран криминал (шверц на дрога), досега во полициско-обвинителската пракса немало случај да им се дава поблага мерка – куќен притвор, туку право оделе во Шутка.
    Грабежот се случи денеска во 12.35 часот.

    Текстот во целост на:СДК.мк“.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img