Европски парламент нѐ нарече „северномакeдонци“,од МНР велат дека реагирале

Министерството за надворешни работи објави дека реагирало до Европскиот Парламент за употребата на „северномакедонска“ на официјалната интернет-страница.

Од МНР велат дека континуирано укажуваат на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија.

„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш коригирана“, велат од МНР.

На официјалната интернет-страница на Европскиот парламент пишуваше „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери.