Лавче истрчало среде пат во Србија

Во близина на Суботица, соседна Србија, случаен минувач покрај патот пронашол мало лавче. Станува збор за животно старо околу шест месеци, кое било питомо и било однесено на преглед во ветеринарна станица.

Како што информираат српските медиуми, на самото место веднаш излегле екипи од ЗОО Палиќ, кои потврдиле дека лавчето не потекнува од нивната зоолошка градина и не знаат како се нашло таму.

Засега не е познато од каде дошло животното.