Штрајк на матичните лекари од утре, ќе се примаат само итни случаи

Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од утре го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.

Замолуваме да ни кажат која е вистинската причина и зошто сме игнорирани, вака на ни еден матичен, специјалист од приватното здравство, за руралните, за лабораториите за целото приватно здравство 5 години никој не спомнува ништо. Последен пат сме спомнати во 2018 година кога со одлука на Влада беше покачен капитациониот бод. Ако има некоја друга позадина и причина колегите бараат да знаат и да си го бараат чарето, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

 

kurir.mk