Анкетите се јасни, народот е за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ со најголема доверба, Мицкоски со најголема поддршка. 21.2% од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 16.2% за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема поддршка кај граѓаните, а СДСМ тоне, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Народот гледа кој работи и гради, и кој знае да ги решава неговите проблеми. Јасна е разликата во пристапот на работа, а тоа најдобро се гледа по градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во општините каде ВМРО-ДПМНЕ е на власт реализирани или отпочнати се над 1.000 проекти, за разлика од таму каде што СДСМ управува и имаме целосна стагнација.
Граѓаните сакаат политичари кои ќе нудат решенија и ќе ги решаваат нивните проблеми.
Претседателот Мицкоски е политичар со најголема доверба кај граѓаните и има рејтинг двојно поголем од Ковачевски.
Анкетите се јасни. Предвремени парламентарни избори час поскоро за промени и иднина.