Портретот на Мерлин Монро на американскиот уметник Енди Ворхол, водачот на поп-арт движењето, е продаден за 195 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портретот именуван како „Shot Sage Blue Marilyn“ беше ставен на аукција во „Кристис“ во Њујорк.
Еден од портретите на Ворхол на Мерлин Монро направен во 1960-тите, е продаден за 195 милиони долари и стана најскапото уметничко дело од 20. век.
Портретот на Монро од Ворхол стана второто најскапо уметничко дело во светот, по сликата „Салватор Мунди“ на познатиот италијански ренесансен сликар Леонардо да Винчи, која беше продадена за 450 милиони долари.
извор: Агенција Анадолија (АА).