237 санкционирани возачи на мотоцикли

Во периодот од 03.05 до 08.05 спроведена е зајакната акциска контрола на територијата целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 237 возачи. Од нив дури 142 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, 16 возеле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, двајца возеле под дејство на алкохол при што од сообраќај се исклучени 42 возачи. Санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.