Нарко картелите убиле две новинарки во Мексико

0
338

Двае мексикански новинарки се убиени во источната мексиканска држава Веракруз, соопшти државното обвинителство.

Јесенија Молинедо и Шеила Гарсија биле застрелани со огнено оружје додека седеле во автомобил – се наведува во соопштението.

Насилството врз медиумските работници е зголемено за време на мандатот на администрацијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, се наведува во априлскиот извештај на групата за заштита на слободата на говорот „Член 19“.

Новите убиства се случуваат четири дена откако новинарот-ветеран Луис Енрике Рамирез беше пронајден мртов на автопат во северната држава Синалоа. Пред смртта на Рамирез, од почетокот на оваа година во Мексико беа убиени осум новинари.

извор: Република