Ден за високи гости на утрешната вежба „Брз одговор 22″

На Армискиот полигон „Криволак” утре ќе се реализира Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22″ („Swift Response 22″), при што ќе бидат презентирани воздухопловно-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Црна Гора, Грција и Албанија.

МИА