Туристичка промоција на РС Македонија во регионални медиуми

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РС Македонија согласно програмските активности за 2022г започна со прв дел медиумска кампања. Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.


Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и истата се реализира преку промотивни банери, ПР текстови, туристички видеа, вклучително и промоција на социјалните мрежи. Медиумската кампања се реализира со цел задржување и зголемување на бројот на странските патувачи, за да се побуди нивниот интерес да ја одберам РС Македонија како безбедна дестинација во која ќе го поминат нивниот годишен одмор.

Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури, параглајдеринг, кајакинг, искачување по карпи, нуркање, јавање на коњ. А, за сите гурмани ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти.

Би сакале да потенцираме дека тука не завршуваат активностите на АППТ, од септември ќе се реализира и втор дел на промоција, како медиумска така и преку учество на интернационални саеми за туризам, додека пак релизацијата на информативни патувања за странски новинари и инфлуенсери се одвива тековно преку цела година.