Неделата на женско здравје – девојче на 13 години абортирало на Гинекологија, а во 2020 ,18 малолетнички под 15 години станале мајки!

Дури 40 отсто од жените во земјава не избрале матичен гинеколог, а кај повеќе од 10 жени од 1.300 прегледани во мобилната гинеколошка амбуланта од декември 2021 година до мај се откриени преканцерозни промени на матката. Најмладата малолетничка која ја прекинала бременоста на Клиниката за гинекологија има само 13 години, a вo 2020 година имало 18 девојчиња под 15 години кои родиле, а од вкупниот број на бебиња, 4,9 отсто ги родиле мајки на возраст од 15 до 19 години, предупредија денеска гинеколозите од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари во Неделата на женско здравје која се одржува од 9 до 15 мај годинава, а по повод светската Недела на женското здравје, објави novatv.mk.

Тоа е дел од кампањата за обезбедување подобра институционална заштита на жените во текот на целиот животен век, како и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи и однесувања кои ќе допринесат за зачувување на здравјето на жената.

Тим од Универзитетската Клиника за гинекологија со мобилната гинеколошка амбуланта патува во руралните подрачја во земјава и ги прегледува жените. Во овие четири месеци оваа амбуланта е на располагање на пациентките во источниот регион од земјата.

Сознанијата и од теренот алармираат – голем број од жените не посетиле гинеколог, додека на ниво на држава само 33 отсто од жените практикуваат редовни гинеколошки прегледи. Повеќе од 30 отсто не го посетиле својот матичен гинеколог подолго од 3 години!

Текстот во целост на: novatv.mk.