Финансискиот директор на „Модерна“ на работа се појавил еден ден, а си заминал со 700.000 долари

Новиот финансиски директор на „Модерна“ за прв пат дојде на новото работно место во понеделникот, а следниот ден му беше кажано дека повеќе не мора да доаѓа.

Она што е уште поинтересно е што тој работен ден ќе си го наплати 700.000 долари.

Причината поради која Хорхе Гомез толку брзо го напушти производителот на вакцини против Ковид-19 е во неговата поранешна компанија. Отказот дојде кога се дозна дека производителот на стоматолошка опрема, Дентспли Сирона, поранешен работодавач, започнал внатрешна истрага, во која е вклучен и Гомез, во врска со прашањето за финансиското известување.

„Одборот за ревизија (ДИК) исто така ги истражува наводите дека одредени поранешни и сегашни членови на повисокото раководство насочиле употреба на стимулации и други активности на компанијата за да се постигнат целите за компензација на извршните директори во 2021 година“, напиша Дентспли Сирона во поднесокот.

Иако е под истрага, Гомез ќе добие 12-месечна плата од 700.000 долари од „Модерна“, но нема да добие бонус од 500.000 долари за „потпишување“, надоместување на трошоците за преселба или парична награда за нов ангажман, соопшти „Модерна“.