Teшка сообраќајна несреќа во Нови Сад, загина хрватски државјанин, а повредени жени и деца од Македонија

Како што пишуваат српските медиуми, во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Србија кај Нови Сад загинал хрватскиот државјанин М.А. (56) кој управувал Пежо со македонски регистарски таблички. Децата и жените се од Македонија.Несреќата се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ откако возилото се судрило со друг автомобил.

Пежото е целосно уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливадата, а наоколу останале расфрлани предмети од автомобилот.

Луѓето беа извлечени од автомобилот од страна на пожарникарите.

извор: Република