Наместо претседателот, премиерот ќе оди во Рим на чествувањето на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј

Претседателот на државата Стево Пендаровски оваа година нема да отпатува за Рим по повод чествувањето на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј.

Ова за ТВ21 го истакнале од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Од таму велат дека делегацијата ќе биде предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

„Претседателот нема да патува во Рим. Согласно ротациите на државниот врв, која е повеќегодишна пракса, оваа година државната делегација во Ватикан за чествување на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј, ја предводи премиерот Димитар Ковачевски“, посочија за ТВ21 од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Извор: ТВ 21