Во Анкара се реализира обука за користење дронови за медиумските работници – се обучуваат и лица од Македонија

0
218

Во главниот град на Турција, Анкара, се реализираше „Обуката за користење дронови за медиумските работници“, што ја спроведе Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), на која присуствуваа 19 учесници од 10 земји, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на обуката, 19-те учесници од 10 земји, меѓу кои Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Азербејџан, Киргистан, Јордан, Ирак, Шри Ланка, Узбекистан и Сирија, добија тридневна обука за употреба на беспилотното летало ИХА-1 (дрон) во Анкара.

Учесници на обуката, освен новинарите, беа и неколку инфлуенсери.

Првиот ден од обуката се одржа во канцелариите на ТИКА, каде што учесниците заедно со предавачите разговараа за теоретските прашања поврзани со беспилотните летала, правилата на цивилната авијација и фотографирањето со беспилотни летала.

Вториот и третиот ден од обуката продолжија како практична обука за користење дронови во воздушниот простор.

Предавачите на обуката се претставници од компанијата Сапмаз Хаваџилик.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).