Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонската православна црква, односно Охридска архиепископија, пренесуваат српските медиуми.

Со тоа е решен спорот, кој датира од 1967 година, кога таканаречената Македонска православна црква се одвои од СПЦ.

Пред ваквата одлука на Собранието, беа обновени разговорите меѓу српскиот патријарх Порфирио и претставниците на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се водеа на преговарачка маса во Ниш и во најголема тајност.

извор: makfax