Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе ги истражи сите детали за случајот кога новинарката, Соња Делевска од порталот СДК, беше повикана на информативен разговор во полиција од страна на вооружени полицајци, заради објавен новинарски текст, по поплака на раководителка на одделение во Министерството за правда, потврди во вечерашната Топ Тема, министерот Никола Тупанчевски.
„Дисциплинката комисија ќе ги истражи сите детали за случајот. Не остануваме со скрстени раце и навреме ќе ја информираме јавноста“ – изјави Тупанчевски.
Тој додаде дека и во рамките на МВР е покрената постапка за утврдување на околностите под кои била повикана новинарката.
извор: Телма
фото: Телма