Медиумите денеска прв пат не добија покана за одбележувањето на Денот на пожарникарите – Арсовска 20 – мај го славеше сама со пожарникарите

Медиумите денеска прв пат во историјата на независна Македонија не добија покана за одбележувањето на Денот на пожарникарите – 20 мај, во скопската Противпожарна бригада. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не испрати покана до медиумите да присуствуваат на прославата и одбележувањето на денот, што досега не се случило од ниту еден градоначалник било да е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП или независен кандидат односно ниту од Ристо Пенов, Трифун Костовски, Коце Трајановски или Петре Шилегов, објави САКАМДАКАЖАМ.

Арсовска постојано ги избегнува медиумите за да не ѝ се поставуваат прашања. Не свикува прес-конференции, не одржува брифинзи со новинари, не одговара на новинари ниту на телефонски повици, смс и вибер пораки. Одговори ретко се добиваати од нејзниот кабинет. За секоја критика, или прашање што не ѝ се допаѓа одговара дека „ја напаѓаат“, а со медиумите комуницира исклучиво преку соопштенија и специјални емисии.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.

Фото: Град Скопје