Земјотрес со интензитет од 6,1 степен ги потресе Филипините

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен ја потресе филипинската провинција Батангас, известува Агенција Анадолија (АА).

Филипинскиот сеизмолошки институт соопшти дека во 5:50 часот по локално време, во провинцијата Батангас бил почувствуван земјотрес со интензитет од 6,1 степен.

Епицентарот на земјотресот, што е забележан на длабочина од 132 километри, регистриран е на 21 километар северозападно од Калатаган.

Властите предупредија на можноста од последователни земјотреси.

Иако земјотресот бил почувствуван и во главниот град Манила и во провинциите Булакан и Ориентал Миндоро, нема човечки жртви, ниту е причинета материјална штета.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).