Пожар на траект на Филипините, загинати седум лица

0
273

Пожар избувна на траект со над 130 лица на Филипините, а во несреќата загинаа седум лица, информираше денеска крајбрежната стража, јави ДПА.

Кога пожарот избувна, траектот бил на помалку од еден километар од својата дестинација во провинцијата Кезон, 67 километри западно од Манила.

На траектот имало 124 патници и 10 членови на екипажот.

Крајбрежната стража спаси 120 лица, од кои 23 повредени и пренесени во болница, додека седуммина се водат како исчезнати.

 

kurir.mk