Независниот синдикат на Управата за водење матични книги в среда ќе го блокира Министерството за финансии зашто, како што рекоа од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, во чиј состав е Синдикатот на матичарите, нема дијалог со ресорот финансии за нивните барања. По договорените услови со Министерството за правда за нов Колективен договор, со исплата на опремнини, К- 15, јубилејни награди и надомест за работа во саботите, остана и барањето за линеарен пораст на платите во Управата за водење матични книги за 30% (околу 4000 денари), за што треба да пресече Министерството за финансии. Од КСОМ се револтирани и од одност на целата влада, за која рекоа дека ги дели синдикатите и преговара со ССМ за пораст на платите, но не и со нив како репрезентативен синдикат.
извор: Телма
фото: Архива