Бајден : Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде 18-годишниот Салвадор Рамос уби 15 лица, 14 ученици и еден наставник.

– Се надевав кога станав претседател дека нема да морам повторно да го правам ова. Уште еден масакр, овој пат во Увалде, Тексас, во основно училиште. Жртвите се убави, невини второ, трето и четврто одделение.

И уште колку што беа сведоци, ги гледаа своите пријатели како умираат, како да се на некое бојно поле. Ќе живеат со тоа до крајот на животот – истакна Бајден и додаде:

– Знаеме дека некои родители никогаш повеќе нема да ги видат своите деца, никогаш повеќе нема да ги заспијат и гушнат. Никогаш нема да биде исто. Да изгубиш дете е како некој да ти откине дел од душата. Како нешто да те вшмукал во шуплината на сопствените бели дробови и никогаш повеќе да не можеш да излезеш. Никогаш нема да биде исто.

makfax