Инциденти во Тирана од страна на италијански и холандски навивачи

0
380

Пред денешното финале на Конференциската лига на УЕФА што ќе се одигра во Тирана, синоќа во албанскиот главен град се случија неколку инциденти.

Италијанските и холандските навивачи групирани во неколку локации во градот по насилното однесување се судрија и со полицијата. Од удар со стаклени шишиња, камења и палки лекарска помош пружена им е на шест полицајци, двајца италијански и еден холандски навивач. Приведени во полиција се 13 навивачи.

-Во хаотичната ситуација мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување. Околу 200 холандски навивачи се упатија кон стадионот во чија близина се сместени италијански навивачи. По интервенција на полицијата ситуацијата се нормализира, пренесе Топ чанел.

Поради инцидентите и можноста тие да ескалираат полицијата издаде наредба сите угостителски и трговски објекти да се затворат пред 23 часот.

 

фокус.мк