Бројот на жртви во масакрот во Тексас се искачи на 21 – загинаа 19 ученици на возраст меѓу седум и 11 години и две учителки

Вкупниот број на жртви во масакрот во основно училиште во Увалде, Тексас, се искачи на 21, а загинаа 19 ученици и две учителки.

Станува збор за Ева Мирелес (44), која таму работела 17 години и Ирма Гарсија (46), мајка на четири деца и вработена во училиштето цели 23 години.

И двете жени беа наставнички во четврто одделение и биле блиски пријателки.

Убиените деца се на возраст меѓу седум и 11 години. Членови на семејствата на некои од нив ги потврдија нивните имиња за американските медиуми.

Пукањето во Увалде беше најсмртоносниот инцидент од овој вид од 2018 година.

фото: Република

извор: Република