Џефери: Не чувствувам потреба дека треба да се извинам за случајот

Собранискиот спикер, Талат Џафери тврди дека собраниските служби не си ја работеле својата работа, па затоа употребил навредливи зборови.

-Ако некој смета дека треба работното време да го мине на ул. Македонија, сметам дека тоа не му треба на собранието, ниту на граѓаните. Тие треба да се на своите работни места осум часа, изјави Џафери на брифинг со новинарите, објави Сител.

Вели дека службите направиле грешка и ако тој не забележал, тоа ќе значело враќање на седницата од почеток.

-Не чувствувам потреба дека треба да се извинам за случајот, додаде Џафери.

извор: Сител
фото: Архива