Евакуирани стотици ученици од четири основни училишта во Сараево поради дојави за поставени бомби

0
420

Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби.

Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани, пишуваат босанските медиуми.

На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална.

фото:

Arab News