Франција ќе започне со вакцинација против мајмунски сипаници

0
320

Франција ќе започне вакцинација на здравствените работници и случаите со остварен контакт со лица заразени со мајмунски сипаници, соопшти денеска министерката за здравство, Брижит Бургињон, јавува Агенција Анадолија (АА).

Властите досега потврдија пет случаи на вирусот, но Бургињон уверува дека Министерството за здравство „не очекува ширење на заразата“.

„Засега ситуацијата е под контрола и ние сме во готовност. Здравствените работници и установите добија препораки за идентификување, детектирање, пријавување и изолирање на случаите во домашни услови“, изјави министерката за „RTL New“.

Бургињон нагласи дека нејзиното министерство ќе ги следи препораките на Француската национална управа за здравство (HAS), независно тело, за вакцинација на возрасни и здравствени работници по изложување на заразата.

Таа додаде дека за разлика од коронавирусот, вакцинацијата против мајмунски сипаници нема да биде за целата популација.

За да се намали преносот на вирусот од човек на човек, Француската национална управа за здравство вчера препорача спроведување на стратегијата за реактивна вакцинација околу потврдените случаи, која вклучува возрасни кои се во контакт со заразено лице и здравствени работници изложени на ризик. Се наведува дека идеално вакцината мора да се администрира во рок од четири дена по контакт со заразено лице, до најмногу 14 дена.

Случаи на мајмунска сипаница се регистрирани во неколку европски земји, како и во САД, Канада и Австралија.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).