Анџела Прајс Агелер ќе биде новата амбасадорка на САД во Македонија

Новата амбасадорка на САД во Македонија ќе биде Анџела Прајс Агелер, која на оваа дипломатска функција ќе ја наследи Кејт Мери Брнз.

Претседателот Џо Бајден номинира нова амбасадорка, а како што соопштија од Белата куќа, станува збор за дипломатката од кариера Агелер.

Анџела Прајс Агелер е кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор во РС Македонија, соопштуваат од Белата куќа.

Агелер претходно службувала како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад во Пакистан, а пред тоа привремен вршител на должност амбасадор во Пакистан.

mkd