ВМРО ДПМНЕ: Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен

0
242

Хаваријата која се случи изминативе денови во РЕК Битола е вистинската слика за раководењето на СДСМ и ДУИ со енергетскиот систем во државата. Единствено што се грижи оваа криминална власт за енергетиката е тоа како може повеќе да се украде од РЕК Битола. Поплавувањето во рудникот Суводол е резултат на неискуството, нестручноста и непочитување на соодветната рударска документација при вршењето на ископ на јаглен. Состојбата што е актуелна овие денови е резултат на интензивни врнежи со кратки траења кои паднале во оквир на контурите на површинскиот коп Суводол. Во рударската документација се пропишува според начинот на заштита на рудникот од површински води, се вели во Соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на соопштението на ЕЛЕМ. Во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ се додава:

За таа намена се предвидени заштитни ободни-одводни канали, етажни канали и водособирници и вклучувајќи го централниот водособирик чија примарна цел е зафаќањето на атмосферските води (100-1000 годишни води).
Доколку кадарот бил свесен на влијанието на интензивните врнежи и што од нив би можело да настане не би се однесувале вака комотно при експлоатацијата на јагленот.

Нестучниот, непрофесионалниот и несовесниот пристап кон професијата резултира со ваков тип на појави каде цената на нивно санирање ќе биде на товар на крајниот потрошувач на електрична енергија- граѓаните.
Целосна неспособност на оваа криминална власт во енергетскиот систем и справување со крижата во енергетиката придонесе да граѓаните плаќаат повиски сметки за струја, општините да тонат во долгови заради енормните сметки за струја и стопанството едвај да преживува заради големата цена на електрична енергија.

Целосно цунами во енергетиката од страна на оваа криминална власт. Премногу е.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: Архива