Македонец ја убил својата девојка во Србија

0
475

Саманта Вучковиќ (31) која на почетокот на април беше пронајдена мртва во нејзиниот изнајмен стан во Власотинце, сепак била убиена, покажа истрагата, јавуваат српските медиуми.

Како што дознава српски „Курир“, полицијата за ова дело го сомничи момчето на Саманта Д.Р., македонски државјанин, кој веднаш по злосторството избегал од Србија.

Да потсетиме, телото на несреќната Саманта газдарицата го пронашла во кревет покриено со ќебе. Нејзиното момче Д.Р. со кого живеела таму, исчезнал пред тоа.

-До Вишото јавно обвинителство Лесковац е поднесена кривична пријава против Д.Р., државјанин на Република Македонија, поради сомнение дека свирепо ја убил Вучковиќ Саманта и на тој начин сторил кривично дело тешко убиство, а кој во моментот на поднесување на кривичната пријава не бил на територијата на Република Србија – изјавија за Курир во Вишото јавно обвинителство во Лесковац.

– Имајќи предвид дека се работи за странски државјанин, а постапувајќи согласно Законот за меѓународна правна помош во кривичната материја и Договорот меѓу Република Србија и Република Македонија, испратено е барање до Министерството за правда на Република Македонија да го преземе кривичното гонење, велат од ова обвинителство.

Соседите на покојната Саманта ѝ рекле на полицијата дека не ги виделе неа и нејзиното момче најмалку седум дена и дека се сомневале дека толку долго била мртва. Саманта, како што велат, пред неколку години се преселила во Власотинце.

извор: Република

фото: Република