Масовна тепачка се случи вчера вечер во Прилеп, а петминутно видео е објавено на мрежата
Youtube. На видеото се гледа како поголема група луѓе се тепаат во центарот на градот.
–Синоќа во 05.30 часот Л.М.(19) од Прилеп пријавил дека околу 01.00 часот пред угостителски објект во Прилеп, додека бил заедно со неговиот другар Д.М., биле физички нападнати од повеќе лица од с.Лажани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полицискиот билтен.
https://www.youtube.com/watch?v=okyO_1LNOjQ
извор: МВР
Видео: RadioPela Macedonia
фото: PRTSC