Дното е пробиено – СДСМ како проект промовира редовна исплата на пензии, што е следно? Ќе се фалат дека Ковачевски оди на работа?
СДСМ четири години им крати на пензионерите, пари кои требаше да бидат пресметани како покачување, а не се пресмета, зошто СДСМ го укина моделот, а сега се фали дека исплаќа навреме пензија, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Лидија Тасевска.
Во продолжение на реакцијата се додава:
Четири години пензиите не беа покачени, а сега се фалат со покачување од септември.
СДСМ ги укради парите од пензионерите изминативе четири години.
СДСМ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на 20% на пензиите, што ќе беше реално покачување и ќе го спасеше стандардот на пензионерите.
Со СДСМ пензионерите се ограбени. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива