Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното обивинителство – Скопје против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири, кои според сознанијата на Антикорупција за време на извршување на нивната службена должност сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, во врска со склучување авторски договори од страна на Генералниот секретаријат со лица од надвор, објави Алсат.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска појасни дека законска основа за оформување на овој предмет била објавата во медиумите дека Владата за потребите на Генералниот секретаријат заради извршување специфични ангажмани врз основа на авторски договори ангажирала поголем број физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари, кои само за еден месец изнесувале над 37 илјади евра односно над милиони евра за 2019 и 2020 година.
Од ДКСК укажуваат дека врз основа на документација која им била дадена на увид, доминантна е застапеноста на ангажмани за подолг период за што се вршени поеќекратни исплати, еднаш месечно и по лица, за изршување задачи.
Текстот во целост на: Алсат.