Ова е документот – официјален извештај од проф. др. Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 02.01.2020 година, помеѓу него и министерството за одбрана.
Во овој документ кој го потпишал проф. Ристески, а подоцна ја потврди и неговата автентичност и содржина тој со овој документ Министерството за одбрана го известува за сите негови партиски активности кои ги извршил, а кои како што самиот пишал доаѓаат како обврска од неговиот договор со Министерството, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Проф. д-р Темелко Ристески, кој сите ние граѓаните на Македонија преку буџетот го плаќаат граѓаните да дава експертско мислење и помош на Министерството за одбрана, ја следел кампањата за време на парламентарните избори 2020 година.
Тој како што наведува во Извештајот напишал и 10 објави на фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ.
Овој Извештај, заедно со признанието од страна на проф. др. Темелко Ристески е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него, и против неговите претпоставените во МО, но и против владата на Димитар Ковачевски која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.
Оттука се поставува и прашањето, уште колку примери како овој постојат во институциите, и уште колку вакви професори ангажирани, наводни експерти работат за следење на кампањи и објавување на фејсбук, уште колку наводни експерти работат за СДСМ и ДУИ, а земаат пари од буџетот?
Очекуваме покрај враќање на парите од буџетот кои биле искористени за плаќање на партиски активности, да има и кривична одговорност, но и политичка за сите инволвирани во случајот.