На сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска се одвиваше тајно гласање за избор на ректор, од петмина утврдени кандидати според азбучен ред на презимето:
Данчевска д-р Верица, редовен професор – 21 глас или 1,493 процентни поени
Димовски д-р Злате, редовен професор – 26 гласа или 1,912 процентни поени
Кекеновски д-р Јове, редовен професор – 32 гласа или 2,316 процентни поени
Кочоски д-р Љупче, редовен професор – 21 глас или 1,493 процентни поени
Неделковски д-р Игор, редовен професор – 157 гласа или 11,046 проценти поени
За официјална потврда на новоизбраниот ректор, треба да се испочитуваат законските рокови за приговори.
Инаку ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор. Право на глас за избор на ректор од сите единици на УКЛО имаат 280 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети во кои има претставници и од студентите.
Универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на ректор во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Сенатот на УКЛО избра Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Љупчо Кеверески, од Педагошкиот факултет – Битола.
фото: Социјални мрежи