Убиени четири лица во болница во Оклахома

0
516

Вооружен напаѓач уби четири лица во болница во Тулса, Оклахома, соопшти утрово полицијата.

Заменик-шефот на полициската управа во Тулса, Ерик Далглиш, потврди дека вчера биле убиени четири лица и дека напаѓачот најверојатно се самоубил.

Според информациите од полицијата, напаѓачот бил вооружен со пушка и пиштол.

Далглиш рече дека властите сè уште не го идентификувале напаѓачот.

макфакс