(ВИДЕО) Пецаков: Започнуваме со решавање на еден од долгогодишните проблеми во Охрид, а тоа е проблемот со кучињата скитници

 

Започнуваме со решавање на еден од долгогодишните проблеми во Охрид, а тоа е проблемот со кучињата скитници.
Се до изградба на стационар за хуман третман, кучињата скитници од страна на ветеринарна амбуланта која ЈП „Охридски Комуналец“ ја избра на тендер, ќе бидат заловувани, кастрирани, вакцинирани и чипирани, и повторно ќе бидат вратени на заловеното подрачје.
До сега мапирани се околу 70 кучиња на повеќе локации низ градот.
Само изминатата година до ЈП „Охридски Комуналец“ пристигнале 29 барања за надомест на штети од каснувања на кучиња, а додека од почеток на оваа година до сега се пристигнати само 3 барања, стои во ФБ објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.